Шпанска Барселона со 2-1 го победи Галатасарај во Истанбул и го надополни тоа што го пропушти на Камп Ноу, Црвена звезда не успеа да ја анулира високата негатива од Глазгов, триумфираше со 2-1, но Ренџерс оди понатаму со вкупни 4-2.

Барселона успеа брзо да одговори, со одличен продор Педри постигна гол за израмнување во 37. минута. 1-1 беше резултатот на полувремето.

По пет минути игра во вториот дел Обамејанг даде гол за комплетен пресврт и победа на Барселона од 2-1.

Црвена звезда и на овој меч со Глазгов Ренџерс пропушти многу шанси. Целиот меч напаѓаше, но реализацијата одеше тешко.

Српскиот тим поведе уште во 10. минута со гол на Иваниќ, погодок кој влеа надеж дека може да се анулираат високите 0-3 од првиот натпревар.

Црвена звезда напаѓаше и создаваше шанси, а Кент од контра напад во 56. минута постигна гол за израмнување на 1-1 и ги разочара фановите на црвено-белите.

Момците на Дејан Станковиќ напаѓаа до последните моменти, успеаа да постигнат уште еден гол, Бен погоди во 93. минута за победа од 2-1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.