Килијан Мбапе е најдобро платен фудбалер во француската Лига 1 и еден од најплатените спортисти во светски рамки, со шест милиони евра бруто приход месечно, објави денеска спортскиот весник „Л‘ Екип“.

Мбапе, кој со Франција ја освои титулата светски првак во 2018 година, е меѓу Топ 3 најплатени фудбалери, заедно со неговите соиграчи од ПСЖ, Бразилецот Нејмар (3.675 милиони евра) и Аргентинецот Лионел Меси (3.375 милиони евра).

Актуелниот француски првак ПСЖ ги монополизира првите десет места на листата која секоја пролет ја утврдува „Л‘ Екип“.

Според весникот, просечната бруто-плата во ПСЖ надминува еден милион евра (1.017 милиони евра).

Единствените двајца фудбалери, кои не се членови на ПСЖ, а имаат плати меѓу првите 16 играчи во француското првенство се Висам Бен Једер од Монако (650.000 евра) и Жордан Верету од Марсеј (550.000 евра)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.