Мароканскиот фудбалер Софијан Кијине (25) доживеа тешка сообраќајна несреќа, откако управувајќи со својот автомобил буквално влета во спортска сала во белгискиот град Лиеж, јавија денеска локалните медиуми, додавајќи оти играчот на Оуд Хеверле Лојвен е повреден и пренесен во болница, но е надвор од животна опасност.

Возејќи со голема брзина Кијине загубил контрола врз своето возило, по што на кружен тек удрил во ивичник, прелетувајќи преку улицата пред да удри во соседната спортска сала.

На видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како автомобилот на фудбалерот „лета“ по што се забива во спортската сала, оставајќи голема дупка во зградата.

Медиумите јавија дека е голема среќа што во инцидентот нема други повредени, иако во спортската сала имало многу деца. Неколку моменти пред несреќата, децата заминале во соблекувалните и никој не е повреден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.