Италијанскоит стратег, Роберто Манчини, официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, објавија од фудбалската федерација на оваа земја (САФФ).
Манчини пред две недели поднесе оставка на клупата на актуелниот европски првак Италија, а со Саудиска Арабија потпиша договор на четири години.
Неговото деби на клупата на Саудиска Арабија ќе биде на 8 септември на пријателскиот натпревар против Костарика.
Испишав историја во Европа, сега е време да направам историја со Саудиска Арабија“, изјави Манчини.
Италијанските медиуми објавија дека Манчини годишно ќе заработува 25 милиони евра како саудиски селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.