Реал Мадрид го победи Челси со 1:3 во првиот четврт-финален натпревар од Лигата на шампионите, a херој на „кралевите“ повторно беше Карим Бензема. Феноменалниот француски напаѓач постигна хет-трик, но малку недостигало тој воопшто да не игра на „Стемфорд бриџ“.

Бензема имал необичен проблем пред натпреварот. Ја заборавил пропусницата на стадионот, откри тренерот Карло Анчелоти.

Му реков дека нема да игра бидејќи ја загуби акредитацијата без која не може да влезе на стадионот. Но, нашиот масер ја спаси ситуацијата. Ја најде акредитацијата на Карим и сите се насмеавме по тоа. Немам ништо премногу да кажам за Карим, тој е навистина фантастичен – изјави Анчелоти.

Бензема сезонава постигна 37 гола на 36 натпревари, а има и 13 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.