Македонската фудбалска репрезентаицја загуби од Грузија со 0-2 на гостувањето во решавачкиот меч од борбата за пласман во повисок ранг во фудбалската Лига на нации. Домаќинот славеше со автоголот на Бојан Миовски во 35-та минута и со погодокот на најдобриот грузиски фудбалер Квича Кварачкелија во 65-та минута.
Грузија на едно коло до крајот го обезбеди првото место во групата 4 од лига Ц (има шест бода повеќе од Македонија) што води во повисок ранг, во лига Б, а обезбедува и настап во плејофот за пласман на Европското првенство (ЕП) 2024 година.
Македонија во ЛН загуби од Грузија и во Скопје, со 0-3 во јуни, додека ремизираше гости со Бугарија (1-1) и двапати го совлада аутсајдерот Гибралтар, на гости (2-0) и дома (4-0).
„Црвено-жолтите“ во последниот меч ја пречекуваат Бугарија в понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.