Македонските фудбалери заминаа на полувреме со резултат 0:0 против Италија. Италија од првата минута започна да создава шанси пред голот на нашата репрезентација. После 15 минути игра фудбалерите на Македонија почнаа да се ослободуваат од притисокот кој го создаде домаќинот, но никако не успеваа да создадат посериозна шанса за гол.

Моментите кога Италија не напаѓаше се играше на нашата половина. Кон средината на полувремето грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди но за среќа стигна да се врати. Продолжи италија со нападите и во следните минути од полувремето.

Добра прилика имаа Италијанците и во 37. минута, а можеше да се забележи и малата паника во нашите редови со игрешките кои ги правевме. Чурлинов во последните пет минути влезе во една добра контра, меѓутоа не успеа да истрча до крај и беше запрен од Манчини.

Првата закана Македонија ја испрати преку Трајковски во 45. минута преку Трајковски кој шутираше директно во Донарума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.