Ромелу Лукаку одбил понуда од Саудиска Арабија и сака да остане во Интер, објави „Газета дело спорт“. На состанокот со застапници на Ал-Хилал во Париз не присуствувал адвокат или претставник на играчот, туку посредник. На Лукаку му бил понуден договор за 25 милиони евра по сезона, но напаѓачот одбил да се пресели во саудискиот клуб.
Интер има амбиција да се бори за Скудетото следната сезона, а претседателот на клубот, Стивен Џанг, му кажал на тренерот Симоне Инзаги дека е задоволен од неговата работа. Инзаги, како одговор побарал да се засили тимот.
Исто така, Инзаги побарал од раководството на Интер да направи се за да го задржи Лукаку. Претставници на Интер наскоро ќе се сретнат со лица од Челзи за да разговараат за иднината на Лукаку, кој сезонава играше за „нероаѕурите“ како позајмен играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.