Премиерлигашот Ливерпул е подготвен да го продаде својот напаѓач Мохамед Салах, откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката, објавија денеска повеќе британски медиуми.
Египетскиот репрезентативец, наводно, барал неделна плата од 442.000 евра, што е за 186.000 евра повеќе од сумата, која за една седмица ја заработува најплатениот играч во Ливерпул, Холанѓанецот Вирџил ван Дајк.
Според медиумите, раководството на Ливерпул отфрла каква и да е можност за исполнување на барањето на Салах и е подготвено да му дозволи на египетскиот напаѓач да замине од „Енфилд Роуд“ за сума од 70 милиони евра.
За еден од најдобрите светски фудбалери интерес покажува европскиот првак Реал Мадрид.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.