Манчестер сити се одлучи за сумата за која е подготвен да го ослободи играчот од средниот ред Рахим Стерлинг. Според информациите од Англија, најзаинтересиран за негов ангажман е лондонскиот премиерлигаш, Челзи.

Според новинарот Мајк Киган, „граѓаните“ бараат 64 милиони евра за 27-годишниот репрезентативец на Англија.

За фудбалерот е заинтересиран лично тренерот на Челзи, Томас Тухел.

Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигна 17 гола и пет асистенции.

Договорот на 27-годишниот напаѓач со клубот од Манчестер е до 30 јуни 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.