Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, смета дека неговиот тим сам е виновен за поразот од Лацио. Баварците синоќа во Рим загубија со 1:0 во првиот меѓусебен натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
– Разочарани сме и лути поради поразот. Не можам да кажам дека Лацио го доби натпреварот. Наместо тоа, може да се констатира дека ние го загубивме мечот. Не знам зошто ја загубивме самодовербата во вториот дел. Не можам да го објаснам поразот. На полувремето му наложивме на тимот да игра со ист интензитет и да оди напред уште похрабро, но се случи спротивното. Има работи на кои треба да работиме. Во првото полувреме создадовме неколку добри шанси и една голема шанса со Џамал Мусијала, но на крајот немавме ниту еден удар кон противничкиот гол. Јасно е дека со ваква статистика е невозможно да се победи. Но, имаме реванш. Во комбинација со последниот резултат, нашите изгледи не изгледаат добро, но ќе продолжиме да работиме напорно, изјави Тухел на официјалната веб-страница на УЕФА.
Реваншот ќе се игра на 5 март во Германија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.