Вчерашниот натпревар од Купот на Италија помеѓу Лацио и Болоња го означи Синиша Михајловиќ.
Неодамна починатиот српски тренер во текот на кариерата беше и во двата клуба.
Навивачите на Лацио на „Олимпико“ развија порака: „Синиша: татко, сопруг и вистински маж! Вашиот пример ќе остане засекогаш“.
Пред натпреварот, во центарот на стадионот беа присутни и членови на семејството на Синиша, предводени од неговата сопруга Аријана.
#LazioBologna = #Mihajlovic. pic.twitter.com/iYfwIuPJCf
— Fabrizio Biasin (@FBiasin) January 19, 2023
Натпреварот имаше и хуманитарен карактер, бидејќи дресовите на двата тима ќе бидат понудени на аукција, со цел парите да се донираат во центарот за донација на коскена срцевина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.