Тренерот на Челзи, Греам Потер ги сумираше впечатоците од натпреварот од 21. коло на шампионатот на Англија против Ливерпул (0:0).

– Мислам дека играта беше добра. Задоволен сум од тимот, енергијата, она што се трудевме да го направиме. Секогаш е тешко на „Енфилд“. Во првото полувреме имавме предност, немавме среќа што не постигнавме гол. Во вториот дел противникот ја зграпчи иницијативата. Потоа исправивме нешто и повторно го зедовме натпреварот под контрола, имавме неколку шанси. Генерално, позитивен ден, освен тоа што не освоивем три бода, изјави Потер.

Ливерпул се наоѓа на 8. место на табелата во Премиер лигата со 29 бодови на 19 натпревари, додека тимот на Греам Потер е на 10. место со 29 бодови од 20 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.