Најдобриот грузиски фудбалер, Квича Кварацхелија, ги сподели своите очекувања за натпреварот со Португалија од 3. коло од групата Ф Европското првенство.

Не се чувствувам нервозен. Сонував да играм против Роналдо. Тој повеќе не настапува во Европа, но соништата се остваруваат. Се надевам дека ќе ми го даде својот дрес. Можевме да постигнеме повеќе со Чешка и Турција, но искуството одлучува многу. Не дојдовме овде како туристи и сè уште имаме шанса да одиме понатаму, изјави Кварахцелија за „РБ Спорт“.

Грузиската репрезентација загуби од Турција (1:3) во првото коло, а одигра нерешено 1:1 со Чешка во 2. коло на ЕУРО2024 година. Со овие резултати, Грузија е на последното место во групата  е пред испаѓање од турнирот. За да избегнат такво нешто, на Грузијците им е потребна победа.

Натпреварот против Грузија – Португалија ќе се игра во Гелзенкирхен со почеток во 21 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.