Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се здоби со голема рана по судир со голманот на Шахтјор на синоќешниот дуел од 4.коло во Лигата на шампионите.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, во петтата минута од судиското надополнување, постигна гол со глава, при што, се судри со голманот на украинскиот тим, Анатолиј Трубин. Челото на Рудигер беше целото во крв, а тој добил 20 конци, објави шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез.

Во текот на денешниот ден, врз Рудигер ќе бидат извршени медицински прегледи и ќе се знае детално за природата и времето потребно за санирање на повредата.

Голот на Рудигер беше клучен Реал Мадрид , со оглед на тоа што беше израмнувачки на дуелот со Шахтјор, а истовремено со тој гол, Реал Мадрид обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.