Ковид-протоколите на УЕФА беа причина што македонската фудбалска репрезентација имаше скромен дочек на плоштадот „Македонија“ по победата на гостински терен против Италија во баражот за СП 2022.

УЕФА не дозволува групирање на фудбалерите со луѓе надвор од тимот, па собраните граѓани беа поздравени само од селекторот, Благоја Милевски, како и неколкумина фудбалери меѓу кои стрелецот на победничкиот гол, Александар Трајковски, и капитенот, Стефан Ристовски.

Тие, непосредно пред Триумфалната капија, им се обратија на присутните и им се заблагодарија за целата поддршка што ја добиле пред и по натпреварот со Италија.

Истовремено, присутните илјадници граѓани добија ветување дека фудбалерите ќе го остават и последниот атом на терен против Португалија, со цел Македонија да се израдува на историски настап на Мундијалот во Катар.

Натпреварот протв Португалија се игра во вторник во Порто, со почеток од 20:45 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.