Албанските навивачи ја исвиркаа израелската химна на почетокот на натпреварот меѓу Косово и Израел во Приштина.
На снимките од почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕП јасно се слушаат навивачи на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина в како свиркаат за време на интонирањето на израелската химна.
בפתח משחק הנבחרת במוקדמות יורו 2024, השחקנים שרו התקווה כאשר סימנו עם הידיים לב שבור 💔.
בהצלחה במשחק 🇮🇱⚽️ pic.twitter.com/VCGtOMcIF5— Daniel Meron 🇮🇱 (@AmbMeron) November 12, 2023
Додека се слушаше националната химна, членовите на тимот го имитираа симболот со пола срце во почит на заложниците кои ги држат терористите во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, што покажува дека срцето не е целосно без нивно враќање. Претставниците на тимот се гушкаа и плачеа на крајот на националната химна, но моментот беше нарушен со гласни свирежи од косовските навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.