Kопенхаген го победи Галатасарај со 1:0 синоќа во последното, 6. коло од Лигата на шампионите и го освои второто место во групата А.
Така данскиот клуб првпат по сезоната 2010/11 стигна до плејофот во Лигата на шампионите. Тогаш Копенхаген го зазеде второто место во групата со Барселона, Рубин и Панатинаикос, а во осминафиналето загуби од Челзи (0:2, 0:0).
За разлика од Копенхаген, Манчестер јунајтед не успеа да ја помине групата, а воедно не успеа ниту да биде трет и со тоа да продолжи во Лига Европа. Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Баерн Минхен со 1:0.
Конечна табела А-група во фудбалската Лига на Шампиони: Баерн Минхен 16 бода, Копенхаген 8, Галатасарај 5, Манчестер јунајтед 4. зс/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.