Навивачката група на Вардар, Комити реагираат на ФФМ да ја огрнаичи продажбата на билети за претстојниот бараж натпревар, во кој Вардар се бори за опстанок против Детонит од Радовиш

Дуелот е закажан за утре во Струмица, а „Комити“ се незадоволни од тоа што билетите можат да се купат само со физички присуство.

Ја информираме јавноста дека иако извесен период апелиравме до ФФМ и повикувавме на состанок, а во врска со продажбата на билетите, истиот не се случи. На само три дена до одигрувањето на натпреварот, бевме известени дека билетите  нема да можат да се купат онлајн, туку единствено со физичко присуство.

Ваквата срамна постапка, со која огромната армја на наши навивачи, целосно неоправдано е ставена во неизвесност, покрај тоа што го отсликува аматеризмот во ФФМ, отвора и сомнеж дека зад сите овие ,,грешки” стои намерата, во Струмица да има што е можно помал број на навивачи на Вардар.

Но, и покрај се, веруваме дека ова не само што нема да ги одвлече нашите навивачи, туку и дополнително ќе влијае на што е можно поголемо присуство на историскиот натпревар. Нас ништо нема да не поколеба!

ВАЖНО: Во продажба ќе биде пуштена единствено северната трибина на стадионот, која е предвидена за навивачите на Вардар.

Цената на билетите изнесува 150 ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.