Улиците на Скопје повторно се наполнија со навивачките песни на Комитите, кои денеска се одзваа на позивот на ФК Вардар да им се придружат на првиот тренинг на Градскиот стадион.

По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд.
Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот…
Повелете, Клубот на народот ве очекува, порачаа од ФК Вардар.

Денеска ќе може да се купат промотивни маички „Вардар – клуб на народот“ по цена од 500 денари, а ќе бидат соопштени начелата на големата акција – Продажба на членски карти, со кои ќе можат да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар, во сезоната 2023/24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.