Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар од со Њукасл во 20. коло на англискиот фудбалски шампионат.

Ливерпул победи со 4:2, херој на мечот беше Мохамед Салах со два гола и една асистенција.

 

– Тоа беше сензационален настап на мојот тим. Почнавме многу активно. Супер игра. Ми се допаднаа многу аспекти. Неверојатен натпревар и атмосфера. Транзициите беа пример за фудбалските школи. Сè беше добро. Шоуто мора да продолжи. Сега имаме пет-шест дена, одмор. Ова е многу важно во однос на свежината, изјави Клоп, за „BBC Sport“.

По 20 кола, Ливерпул води во Премиер лигата со 45 бода. Њукасл е на 9. место во поредокот со 29 бодови.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.