– Жозе Мурињо го одби Ал Шабаб, чека опција која ќе го мотивира.

Според новинарот на „COPE и Marca“, Педро Мората, Мурињо ја потврдил информацијата дека нема да работи со саудискиот клуб.

Сега тренерот паузира и чека опција за продолжување на кариерата која ќе го мотивира.

До неодамна Мурињо беше тренер на Рома. Италијанскиот клуб го отпушти Португалецот и на негово место го донесе Даниеле де Роси.

Во својата кариера, пред Рома, Мурињо ги предводеше Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто и Леира



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.