Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за ситуацијата со киднапирањето на родителите на фудбалерот Луис Дијаз.

Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач не се најде во составот на тимот за натпреварот против Нотингем Форест во 10. коло од Премиер лигата.

Очигледно моравме да направиме доцни промени во тимот поради личната ситуација на Луис Дијаз. Беше тешка ноќ за сите нас. Ова никогаш претходно не се случило во моите тимови. Ова е ново искуство за кое никој не се радува, изјави Клоп за „BBC“.

Претходно се дозна дека родителите на Дијаз биле киднапирани во Колумбија. Мајката на играчот била спасена речиси веднаш, а според локалните медиуми, таткото попладнево е ослободен по престрелката на полицијата со киднаперите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.