Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави што мисли за напаѓачот Мохамед Салах, кој се врати во клубот од египетската репрезентација поради оштетување на мускулите на тетивата.
– Ако некој се сомнева во посветеноста на Мо Салах, мислам дека треба да си постави неколку прашања. Тој е најверниот Египќанец што сум го сретнал во животот, ја пренесува изјавата на Клоп, новинарот Фабрицио Романо.
Салах се повреди на натпреварот за репрезентацијата на Египет против Гана (2:2) на Африканскиот куп.
Претходно египетската фудбалска федерација објави дека 31-годишниот напаѓач ќе пропушти два од натпреварите на тимот на турнирот поради повреда. Подоцна се дозна дека Салах се враќа во Ливерпул за да оди на рехабилитација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.