Тренерот на Барселона, Чави е задоволен од настапот на неговиот тимот на натпреварот против Атлетик. Барселона доживеа елиминација од Копа дел Реј, губејќи од баскискиот клуб со 2:4 по продолженија во четвртфиналето.

– Се обидовме. Мислам дека добро се боревме против одлична екипа која е многу силна на домашен терен. Веќе кажав дека од гледна точка на противникот немавме среќа со ждрепката. Ламин имаше шанса да го постигне победничкиот гол. Можеме да бидеме горди што се обидовме. Дадовме се од себе и си заминуваме со кренати глави, бидејќи се боревме со помош на млади играчи. Јас сум мирен. Остануваат најважните турнири, изјави тренерот на Барселона.

Покрај Атлетик, пласман во полуфиналето на шпанскиот Куп досега обезбедија уште и Реал Сосиедад и Мајорка.

Во последното четвртфинале вечер од 21 часот играат Атлетико Мадрид и Севилја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.