Женската фудбалска репрезентација на Англија ја покори Европа! Во финалето Германија падна по продолженијата со резултат 2:1, пред полните трибини на Вембли.

Неколку дена пред финалниот меч се знаеше дека славниот стадион е распродаден и дека борбата за трофејот на ЕП ќе ја гледаат близу 90.000 навивачи.

Ела Тун ја доведе Англија во водство во 62. минута, а Лина Магул го доведе натпреварот во продолжение во 79. минута.

Победата за домашните ја донесе Клои Кели во 110. минута.

Дваесет и четири годишната девојка која во сета еуфорија настапува за Манчестер Сити за време на прославата го соблече дресот и со тоа дополнително ја разгали воодушевената публика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.