Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн се запиша во листата на стрелците на вчерашниот натпревар (3:1) со Борусија Менхенгладбах во 20.коло од германското првенство.

Сега 30-годишниот Англичанец има 24 постигнати голови на 20 натпревари во Бундеслигата. Така тој по 20 кола го повтори рекордот по голови во дебитантската сезона. Во сезоната 1969/70 Герд Милер и во сезоната 2020/21 Роберт Левандовски (2020/21) постигнаа по 24 гола во првите 20 кола.

Исто така, Кејн, кој минатото лето се пресели во Баерн од Тотенхем, го израмни рекордот на Лука Тони по постигнати голови во дебитантска сезона. Во сезоната 2007/08, откако се пресели од Фиорентина во Баерн, италијанскиот фудбалер постигна 24 гола.

Баерн Минхен е втор на бундеслигашката табела со 50 бодови, два помалку од лидерот Баер Леверкузен



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.