Дописничката на ЕСПН и радио програмата Перос де Кале, аргентинската новинарка Софија Мартинез известувала во живо од Светското првенство во Катар кога ѝ пришол катарски милионер и ја поканил во своето луксузно Ламборгини.

Притоа, на едно од автомобилските седишта имало црна кутија со мала верзија на трофејот од Светското првенство.

„Дали е за мене? прашала Софија, а богаташот ѝ одговорил: „Да, твое е“.

Кога ја отворила кутијата, Софија видела мобилен телефон вреден најмалку 1.000 евра.

Новинарката го прифатила подарокот, но многумина ја предупредиле дека тоа не требало да го направи тоа, бидејќи, како што тврдат, зад сѐ се крие намерата на богатиот Катарец.

Инаку, Софија е во врска со новинарот Диего Леука, кој исто така деновиве е во Катар, од каде известува за првенството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.