Кардиф Сити, кој моментално игра во Чемпионшип, ќе мора да ја плати целосната сума за трансфер на францускиот Нант за правата на Емилијано Сала. Така одлучи ФИФА.
Понудата е на маса: Саудијците сакаат да го предомислат…
Сала почина трагично во јануари 2019 година, само неколку часа откако се пресели од Нант во Кардиф, кој во тоа време играше во Премиер лигата. 28-годишниот Аргентинец беше жртва на авионска несреќа над Ла Манш кога авионот што требаше да го однесе од Нант до Кардиф го зафати невреме и падна. Ова доведе до низа судски процеси меѓу двата фудбалски клуба за тоа дали треба да се плати трансферната сума од 15 милиони фунти.
Во август минатата година, Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди дека Кардиф мора да плати 6 милиони евра на Нант, но ФИФА донесе нова одлука и го обврзува Кардиф да го плати остатокот од сумата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.