Фудбалерите на Челзи победија вчера на гостувањето кај Тотенхем со 4:1, во последниот натпревар од 11. коло на Премиер лигата. Челзи ја забележа четвртата победа од почетокот на сезоната и моментално е десетти на табелата со 15 бодови, додека Тотенхем остана на втората позиција со 26 бодови, бод помалку од Манчестер Сити.Забележани се два гола, уште три поништени, пенал и еден црвен картон.

Тотенхем беше подобар на почетокот од мечот и поведе во шестата минута со голот на Дејан Кулушевски. Осум минути подоцна и Сон ја затресе мрежата на гостите, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Рахим Стерлинг израмни во 21. минута, но и тој гол беше поништен бидејќи играше со рака, а во 28. минута ВАР му го поништи голот на Мојсес Кајсед.

Челзи, сепак, профитираше од таа акција во 28. минута и целосно го сврте натпреварот во своја полза. Откако голот на Кејсед беше поништен од ВАР, судијата Мајкл Оливер досуди пенал за Челзи за прекршокот над Ромеро кој му претходеше на голот и му покажа директен црвен картон на играчот на Тотенхем.

И седум минути по голот и спорната ситуација во шеснаесетникот, Кол Палмер го изведе пеналот и погоди за 1:1.

Челзи беше поопасен до крајот на првото полувреме, но не успеа веднаш да ја материјализира бројчаната предност на теренот.

Заедно со црвениот картон на Ромеро, Тотенхем во финишот на првото полувреме остана без Мики ван де Вен и Џејмс Медисон поради повреди.

После тоа најмногу се играше на половината на Тотенхем, фудбалерите на Челзи го опседнаа голот на домаќините, но Тотенхем успеа да се брани до 75. минута. Потоа, по брз напад, Стерлинг проигра покрај Николас Џексон, кој немаше потешкотии да го совлада Викари.

Неколку минути подоцна израмни Ерик Диер, но тоа беше уште еден поништен гол поради офсајд. Во самиот финиш на натпреварот Тотенхем со сите сили се обидуваше да израмни, но Сон пропушти голема шанса во судиското надополнување.Многу брзо потоа Џексон стави точка на овој меч со уште два гола во мрежата на Тотенхем, во 94. и 97. минута.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.