Преубавата Ива Бокановиќ е новата претседателка на хрватскиот фудбалски клуб Задар.

Оваа 30-годишна убавица доби мнозинство од гласовите на изборното собрание на клубот и ќе го има предизвикот да го издигне поранешниот прволигаш кој сега се натпреварува во третата хрватска лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

Сепак, иако нејзиниот изглед плени од првиот момент кога ќе ја видите, оваа родена задранка не е случајно залутана во спортот.

Уште како девојче активно се занимавала со ракомет, спорт што и денес го практикува за рекреација, а во последните неколку години ужива да игра и тенис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

По завршувањето на средното училиште во родниот Задар, дипломирала на Кинезиолошкиот факултет во Загреб и се стекнала со титулата магистер по спортски менаџмент.

Некое време работела како кондициски тренер и организаторка на спортски натпреварувања за Хрватскиот училишен спортски сојуз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

Во спортската јавност во Хрватска, Ива стана позната како одлична раководителка на одделот за медиуми и комуникација на кошаркарскиот клуб Цибона, каде што мина четири години. На таа позиција стекна богато искуство за процесот на раководење со врвен клуб, што ќе и помогне во новата функција како претседателка на Задар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivabokanovic

По ангажманот во Цибона, Бокановиќ се вратила во Задар, каде што минатата година се приклучила на хуманитарниот проект на фудбалскиот клуб Задар „Задранска дица“, насочен кон организиање акции за помагање на здруженија или поединци со потешкотии, како и на други здруженија кои работат на полето на потребите на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.