Актуелниот селектор Лучано Спалети не е виновен за ова реми. Но, реалноста е дека Италија, уште еднаш, успеа да ја направи Македонија голема. Ова не е прифатливо“, изјави поранешниот италијански селектор Ариго Саки по синоќешниот нерешен резултат во Скопје, 1-1 во квалификациите за фудбалското Европско првенство.

Саки за италијанските медиуми го анализираше мечот на националната арена „Тодор Проески“.

Лучано е одличен тренер, но не е волшебник. Не можете да барате чуда од него. Очигледно дека тимот не е на висина на задачата. Но, тој веројатно уште не ги познава доволно сите играчи. Ќе биде потребно да избере стабилни играчи да создаде колектив како што направи во Наполи, вели Саки.

Минатата година во март, Македонија ја победи Италија со 1:0 во Палермо во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.