Актуелниот европски првак Италија со победа ја почна одбраната на титулата, совладувајќи ја Албанија со 2.1 во дуел одигран во Дортмунд.

Натпреварот почна шокантно за Италија, кога по само 23 секунди Албанците дојдоа во водство, откако Бајрами искористи кардинална грешка во противничката одбрана и го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства.

Италијанските фудбалери брзо се созедоа и по само 16 минути игра го презедоа водството.

Бастони во 11 минута израмни на 1-1, а пет минути подоцна Барела донесе целосен резултатски пресврт и стартна победа за Италија на ЕУРО2024.

Во рамки на групата Б претходно Шпанија ја совлада Хрватска со 3:0.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.