Македонија извади нерешен резултат на домашен терен од Италија. Одличната атмосфера на “Градски” пред 28.000 гледачи не беше доволна за целосно поволен резултат.

Избраниците на Боби Милевски како да немаа доволно храброст пред големиот противник. Италија тоа го искористи, во неколку наврати добро ја нагази топката што резултираше со голот на Имобиле на почетокот на второто полувреме.

Сепак магијата се случи во 80-тата минута кога Барди од слободен удар го совлада Донарума што беше конечен резултат.

Се чини дека Италија никогаш немала послаба репрезентација и оти чудото во Палермо не беше случајно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.