Репрезентацијата на Холандија попладнево загуби од Италија (2:3) во натпреварот за 3. место во Лигата на нации.

Гостите од Италија поведа во првото полувреме благодарение на головите на Федерико Димарко и Давиде Фратези. Во второто, Федерико Киеза постигна гол за Италија, додека Стивен Бергвијн и Џорџинио Вајналдум погодија за Холандија.

Италија по вторпат заврши на третото место во Лигата на нации, истиот пласман италијанската фудбалска репрезентациа го постигна во 2021 година.

Вечер во финалето ќе се соочат Хрватска и Шпанија. Мечот ќе се игра во Ротердам од 20:45 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.