Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го сподели своето мислење за трката за титулата во Серија А.

Во натпреварот од 27. коло, Нероаѕурите синоќа на домашен терен ја победија Џенова со 2:1.

– Дали судбината на Интер е во наши раце? Очигледно да. За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но треба да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како функционира. Има уште многу натпревари пред нас, треба да одиграме три натпревари пред репрезентативната пауза против многу сериозни противници – Болоња, Атлетико и Наполи, изјави тренерот Инзаги за „TuttoMercatoWeb“.

Интер продолжува да води во поредокот во Серија А. Тимот има 72 бода на 27 натпревари, а разликата од второпласираниот Јувентус сега е 15 бода



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.