Интер со 0-2 го доби првиот натпревар против Милан во полуфиналето во Лигата на шампиони, „нероаѕурите“ за прв пат во својата историја три пати победуваат против лутиот градски ривал во три различни натпреварувања во иста година.

Интер направи значаен чекор кон ново финале во Лигата на шампиони откако вечерва со 0-2 славеше против Милан како гостин во првиот натпревар од полуфиналето.

Избраниците на Инзаги одлично го отворија натпреварот, Џеко по еден корнер погоди за 0-1 во 8. минута а во 11. минута веќе беше 0-2, Мхитарјан искористи еден празен простор и реализираше за нова радост.

Неколку минути подоцна Интер можеше да води и со 0-3, Чалханоглу со удар од далечина ја погоди стативата, а во продолжението од акцијата, Мањан го одбрани обидот на Мхитарјан.

ВАР потоа го спаси Милан откако судијата покажа на белата точка, но пеналот беше поништен, контатктот врз Лаутаро Мартинез не беше доволен за најстрога казна.

Милан прикажа премалку во првото полувреме, заигра нешто подобро во продолжението и најблиску до гол беше кога по еден час игра Тонали ја погоди стативата со еден удар од врвот на шеснаесетникот.

Првиот и единствениот удар во рамките на голот „росонерите“ го упатија во финишот од мечот, кога Побега биеше по средината и воопшто не го стави на мака Онана.

Со оваа победа, Интер испиша историја во пресметките против Милан и за прв пат триумфира над лутиот градски ривал во три различни натпреварувања во иста година.


Извор: 24 фудбал


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.