Иако им беше забрането да дојдат во Атина на квалификацискиот натпревар од Лигата на шампионите во кој АЕК го пречекува Динамо, навивачите на загрепскиот клуб стигнаа до Грција и направија серија инциденти во Неа Филаделфија, просторот каде што се наоѓа стадионот Аја Софија.
Според грчките медиуми, околу 200 навивачи на Динамо дошле на стадионот „Аја Софија“ каде што треба да се одигра натпреварот меѓу АЕК и Динамо. Кога пристигнале на стадионот кршеле предмети, удирале луѓе, а имало дури и сериозни инциденти и повредени лица, а според последните информации едно лице починало откако било прободено со остар предмет.
07.08.2023, Before tomorrow match AEK Athens🇬🇷 – Dinamo Zagreb🇭🇷
Allegedly, the group of 150 bbb found themselves in the stadium area(aek part) and then started hitting everyone and everything in their path. These are serious incidents, and there are reportedly injuries. The… pic.twitter.com/kbsFGgVW81
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив „во очај, држејќи се за лицата и постојано разговараа на мобилните телефони“ чекаа да видат што ќе се случи со член на нивната група, наведува Газета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.