Првата група навивачи на хрватскиот Динамо беше ослободена во саботата од грчки затвор, каде што беа под истрага од август за учество во судир навивачите на атински АЕК, во кој беше убиен едно момче, пренесуваат хрватските медиуми.

Грчките правосудни органи во петокот донесоа одлука за ослободување со кауција за 30 членови на „Бед Блу Бојс“ (БББ), ослогласената навивачка група на Динамо Загреб, со забрана за велз во Грција и присуство на спортски настани и кауција од 1.000 евра за секој.

Неофицијално се дознава дека се работи за дваесеттина навивачи, јавува HRT .

Членовите на БББ од август се во истражен затвор поради учество во конфликт со навивачи на грчкиот клуб АЕК, во кој загина еден навивач на атинскиот клуб. Хрватските навивачи очекуваа ослободување во 14 затвори низ Грција.

Последните денови сите осомничени биле завршно сослушани во грчките судови и ја негирале вина. Грчките медиуми објавија дека биле поднесени околу 95 барања за ослободување.

Хрватскиот министер за правда и администрација, Иван Маленица, во петокот за HTV изјави дека верува оти сите хрватски граѓани треба да дојдат во Хрватска до католички Божик, односно 25-ти декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.