Италијанската фудбалска репрезентација би можела да настапи на Светското првенство, и покрај тоа што изгуби од Македонија и заврши на третото место во баражот од групата Ц.

Ова следи откако иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан во Машдад на жените не им беше дозволен влез на стадионот. На социјалните мрежи се проширија снимки на кои полицијата употреби солзавец пред стадионот за да растера околу 2.000 жени кои уредно купиле билети за натпреварот и сакале да го следат настапот на нивната репрезентација.

Постои голема можност Иран да добие санкции од ФИФА поради недоличен потег. Најекстремната би можела да биде исфрлање на Иран од Мундијалот во Катар. Така, Италија би можела да биде првата опција која ќе добие место, како актуелен европски владетел и тим со најдобар рејтинг кој не е на светскиот фудбалски собир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.