Фудбалските навивачи од Израел и од палестинските територии ќе можат да патуваат во Катар на Светското првенство со директни чартер летови од Тел Авив според договорот објавен од ФИФА.
Чартер летови до Доха од аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, ќе бидат достапни за сите Палестинци. Договорот се однесува и на жителите на окупираниот Западен Брег и блокираниот Појас Газа, на кои генерално не им е дозволено да патуваат преку главниот аеродром во Израел.
Иако Израел и Катар немаат дипломатски односи, во Доха за фудбалскиот турнир ќе биде формирано привремено конзуларно претставништво. Израелскиот премиер Јаир Лапид рече дека договорот е резултат на „напорна работа во текот на многу месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.