Двајцата македонски репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски, беа стрелци во меѓусебниот дуел одигран денеска во Серија „А“, а на крајот Наполи ги освои бодовите со кои ја зголеми предноста од ривалите на првото место во моментов.

Елмас покрај голот, забележа и една асистенција до Осимен за 1-0. Елмас го постигна третиот гол, откако прими една топка во трк во 58. минута, успеа да помине еден играч и да погоди во мрежата.

ВИДЕО ОД ГОЛОТ 

Илија Несторовски откако влезе во игра, погоди во 80. минута. Зафати една топка со волеј, и погоди за намалување во тие моменти за 3-1. На крајот Удинезе постигна уште еден гол за 3-2 и неизвесна завршница, но Наполи успеа да се одбрани, и Елмас и неговите соиграчи да се радуваат на крајот.

ВИДЕО ОД ГОЛОТ

Елмас и Несторовски треба утре да се појават на прозивката на македонската репрезентација за пријателските натпревар со Финска и со Азербејџан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.