Како што се доближува стартот на мечот во Палермо, така и атмосферата меѓу македонските навивачи станува поубава. Со песна и игра низ улиците на Палермо, македонските фанови уште еднаш покажуваат дека се гости каков што секој домаќин може да посака, без да се направи ниту еден инцидент. Голем дел од локалното население излезе на улиците да види како се забавуваат македонските навивачи, па имаше дури и бабички кои со своите мобилни телефони снимаа како се веселат нашите фанови.

Видеата можете да ги видите на следниот линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.