Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар против Копенхаген во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

Мораме да бидеме внимателни. Ако сега се сопнеме, потоа нема да има време за корекција. Календарот на натпревари поради Светското првенство е многу збиен. Мора да се навикнеме на тоа. Знаеме колку се важни домашните натпревари. Ги гледав натпреварите на Копенхаген и синоќа и денеска. Ова е добар, многу организиран тим. Ќе треба да се потрудиме да победиме во важен дуел. Ако земеме стигнеме до девет бода на три натпревари, тогаш практично ќе обезбедиме пласман во следната рунда – изјави Гвардиола.

Манчестер сити го пречекува Копенхаген во натпревар од 21 часот.

„Граѓаните“ се први во групата Г со шест бода од два натпревара, додека Копенхаген е на третата позиција со еден освоен бод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.