Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез изјави дека не може да ги разбере упатствата на тренерот Јирген Клоп.

Искрено, кога зборува Клоп, ништо не разбирам. Секако, барам од соиграчите да ги објаснат неговите зборови. Во секој случај, сигурен сум дека Клоп е сосема јасен за тоа што сака да добие од играчите на теренот – изјави Нуњез за „ЕСПН ГБ“.

Досега сезонава, Нуњез одигра четири натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, постигна еден гол и направи една асистенција.

Дваесет и тригодишниот фудбалер летово дојде во Ливерпул од Бенфика за 75 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.