Судот на Европската унија одлучи дека УЕФА има право да го блокира клубовите да формираат Суперлига, паралелно натпреварување кое го иницираа 12 европски гиганти, а по жестоките реакции во јавноста девет од нив се повлекоа и зад идејата останаа само Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Како што соопшти синоќа главниот застапник на Европскиот суд на правдата, Атанасиос Рантос, УЕФА била во право кога им се закани со санкции на клубовите, бидејќи тоа е во согласност со законите на Европската унија.

„Правилата на ФИФА и УЕФА, според кои секое ново натпреварување подлежи на претходно одобрување, се компатибилни со законот за пазарна конкуренција на Европската унија“, појасни адвокатот Рантос.

Најбогатите клубови во Европа се обидоа минатата година да формираат Суперлига, одвоена од УЕФА, но проектот пропадна за помалку од 48 часови по заканите од УЕФА со санкции и жестоките реакции од фудбалските навивачи.

Под притисок на јавноста од проектот се откажаа Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Челзи, Тотенхем, Арсенал, Милан, Интер и Атлетико Мадрид.

Конечната одлука за спорот кој се води во Европскиот суд на правдата со седиште во Луксембург се очекува да биде соопштена идната година, но судиите вообичаено ги следат заклучоците донесени од независен адвокат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.