Вардар извојува голема победа над Детонит Плачковица за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, но остана без еден од најдобрите фудбалери, пренесе gol.mk.
Имено, попладнево во Струмица својот последен натпревар во црвено-црниот дрес го одигра Дарко Глишиќ. Искусниот фудбалер беше еден од најдобрите и најстандардните фудбалери на Вардар оваа сезона, а колку го сака Вардар докажува неговата порака на маицата која што ја носеше по крајот на натпреварот со Детонит, како и неговите солзи во соблекувалната.
По повод заминувањето на Глишиќ се огласи и Вардар.
„Поим за љубов, лојалност и посветеност кон Вардар! Ти Благодариме Дарко за секој момент поминат во светиот црвено-црн дрес. Твоето име ќе биде врежано кај секој вардарец. Засекогаш дел од црвено црното семејство“, напиша Вардар на социјалните мрежи.
31-годишниот Глишиќ сезонава одигра 34 натпревари за Вардар и постигна четири гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.