Полицијата на Манчестер отвори истрага против фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд.

Истрагата доаѓа откако девојката на фудбалерот, Хариет Робсон, го обвини за насилство објавувајќи сторија со фотографија од тепањето. Робсон објави и аудио како е принудена на секс.

Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави – напиша девојката под видеото.

Полицијата не ги потврди имињата на опфатените со истрагата, но соопшти дека го истражува случајот:

Полицијата на Манчестер е свесна за сликите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Во тек е истрага за утврдување на сите околности – стои во известувањето од надлежните.

Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

МИА СПОРТ МК

 (видео)

Манчестер, 30 јануари 2022 (МИА) – Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.

Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.