В понеделник ќе започне поставувањето на нова современа тревната подлога на Националната арена „Тодор Проески“, а фудбалската репрезентација на Македонија хибридниот терен ќе го сефтоса на 20 ноември, во дуелот од последното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024 против Англија.

Предвидено е на Арената „Тодор Проески“ да се постави хибридна трева, а тоа значи дека 70 отсто од тревата ќе биде вештачка, а 30 отсто ќе биде природна со посебна дренажа.

Владата на Македонија на редовната седница во вторникот донела одлука да се прифати донацијата од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во вредност од околу 400.000 евра за реконструкција на теренот со цел да се избегне невиден срам и фудбалерите да мора да играат во друга земја против Англија.

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кој е задолжено за одржување на теренот вината наместо во себе, ја најде во некаков паразит кој ја јадел тревата, но тоа не го испра срамот од светската јавност, која се згрози од состојбата во која се наоѓа фудбалската арена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.