Без победник (2-2) заврши финалето на Светското првенство, односно ќе гледаме најмалку уште 30 минути, а може и пенали за да го дознаеме новиот шампион, дали тоа е биде Аргентина или Франција.

„Гаучосите“ водеа со 2-0 до 80 минута, но потоа „триколорите“ чудесно се вратија преку Килијан Мбапе кој прво погоди од пенал, потоа и од игра за 2-2 на средбата во Лусаил.

Со ова Мбапе стана првиот играч кој има постигнато најмалку десет гола на Мундијалите пред да наполни 24 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.